И министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, доби свој симпатизер, кој не штеди пофални зборови за нејзе на социјалните мрежи. За овој фан на министерката, НАТО ја препознал личноста која вреди и оти таа е дел од светската политика.

По примерот на „Лиде, Лиде“ , жената која јавно пишуваше и даваше изјави дека сака да пие кафе со министерот за здравство Венко Филипче, така и извесен Горан од Тетово пишува дека се чувствува гордо на Шеќеринска, и дека вистинските професионалци се ценат и тука и во странство.

„Да се потсетиме се што сме поминале заедно, вонвременска личност што трае со години“ , се  само дел од коментарите на Горан за министерката.

Секогаш да биде поука што треба да се цени и почитува, вистински политичари што работат за доброто на граѓаните, пишува Горан.

Очигледно Горан од Тетово не бира убави зборови за пофалба на министерката Шеќеринска, а на неколку од фотографиите и тој лично е сликан со министерката. Останува да видиме дали ова го прави од лукративни причини или пак навистина верува во работата на министерката за одбрана.