Штотуку добивме фотографија од пред домот на новинарот Стаменковски каде видливо се забележуваат многу полициски службеници како прават претрес во неговиот дом.
Доцна попладневно полицијата упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски во скопската населба Влае, а за истото се огласи и Героски. Според Героски, непотврдено сознание е дека станува збор за пријава во врска со написи на Стаменковски за лице од Шестата управа на МВР.
Стаменковски е сопственик и уредник на порталот ДоказМ. Според првичните информации, претресот се врши по налог на Основното јавно обвинителство.
Во продолжение може да ја видите фотографијата.