Претседател на македонски фудбалски клуб од прва лига е уапсен бидејќи е фатен како шверцува злато во вредност од 300.000 евра, пренесуваат турските медиуми.

Лицето Б.Х. е уапсено на 24 март меѓу градовите Барман и Сирт, јавуваат повеќе турски медиуми.

Турската полиција во неговото возило пронашла злато со тежина од два килограми и 581 грам, кое е проценето на 300.000 евра.

Златото било нелегално, полицијата уште го истражува случајот, а против лицето се поднесени судски постапки.