Наместо за ученици, училиште користено за партиски состанок на СДСМ
Партиските простории очигледно не се доволни за владејачката СДСМ во Струмица, па партијата си ги отвора училиштата во доцни часови за состаноци. Информацијата ја сподели ВМРО-ДПМНЕ. Од таму објавија и фотографии како доказ дека партиски активисти на СДСМ користат општинско училиште за состанување.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека ова е јасен пример за злоупотреба на јавните институции и уште еден доказ за недемократското владеење на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема желба за промени, сакаат статус кво
- „СДСМ Струмица продолжува да докажува дека ја користи власта исклучиво за партиски цели. Таму каде што сѐ уште се власт, како во Струмица со Костадин Костадинов – човек близок до Заев, ја злоупотребуваат и општината и јавните институции“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека ова однесување е дел од шаблонот „како до сега“. Оваа терминологија, според нив СДСМ не сака да ја промени.
Обвиненија за злоупотреба на институциите во политички цели
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е партија која ја сака власта исклучиво за задоволување на партиските интереси, наместо за служба на граѓаните. Тие посочуваат дека јавноста сѐ почесто е сведок на злоупотреба на институциите во предизборието, што според нив е показател за вистинското лице на СДСМ.
Извор: Курир