Младинската репрезентација на Македонија во во главниот град на Грузија, Тбилиси го изигра мечот од третото коло од Европското Првенство – Б дивизија.
Противник беше селекцијата на Косово, но тоа што го привлече вниманието на јавноста е огромниот превид на организаторите кои нашата држава ја именуваа – Северна Македонија Косово.
Цело полувреме младите (под 20 години) македонски репрезентативци на Youtube каналот на ФИБА беа потпишани како „Северна Македонија Косово“, а наместо официјалната кратенка МКД играа под ознака МДК. Тие играа и победија против Косово.
Грешката на преносот траеше цело полувреме додека не беше сменето пред да стартуваат вторите 20 минути.
Нема официјално објаснување зошто се случила таква огромна грешка и дали е реагирано за да се сменат ознаките.
Македонија успеа да дојде до втората победа во групата и го порази Косово со 85:67.