Утрово главниот град на Македонија е на врвот од листата на најзагадени градови во светот.

Скопје се наоѓа во првите ПЕТ најзагадени градови во овој момент, додека градските власти буквално не мрднуваат со прст.

Загаденоста во главниот град е речиси на почетокот, со оглед дека е месец ноември и времето не е толку студено и со минусни температури.

Во меѓувреме градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска една година по доаѓањето на власт нема направено ниту еден проект за намалување на загаденоста како што ветуваше во својата пред изборна програма.