Автомобил со скопски регистарски таблички се превртел кај морето во туристичкото место Неа Каликратија во Грција, вели објава на Фејсбук-страница Grckainfo.com.
-Поздрав. Би сакале да го привлечеме вниманието на нашите следбеници за паркирање на угорнини. Дефинитивно, кревајте рачна кочница и автомобилот секогаш оставајте го во брзина. Денеска за жал се случи несреќа во Неа Каликратија кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа, никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, со скопски регистарски таблички, стои во објавата.