Екипата на Радио Лидер попладнево беше сведок на сообраќајна несреќа во центарот на Скопје на булеварот Крсте Петков Мисирков во близина на црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“.

Од првичните информации кои можевме да ги забележиме на терен, станува збор за судир меѓу електричен тротинет и Опел Астра.

Засега немаме повеќе информации за учесниците во несреќата и повредените.

Фотографиите може да ги погледнете во продолжение: