Собраќајна несреќа го блокирше патниот правец Битола-Ресен, кај Ѓавото.
Снежните врнеши, како и натрупаниот снег дополнително ја отежнуваат ситуацијата, при што патот е под целосна блокада и создадена километарска колона на автомобили од двата патни правци.
Очевидци, од лице место за КУРИР велат дека причина за сообраќајката е неисчистениот пат од снегот, како и врнежите кои траат.
Како што коментираат истите, очигледно и оваа година снегот во месец феврури, повторно ги изненадило належните и „Македонија пат“.
Поради снежните врнежи сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, а на некои има и забрана за тешки товарни возила.