Оваа улица со години беше оставена во лоши услови.
За асфалтирањето, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална фејсбук страна, на која напиша:
-Убавото време носи реализација на нов проект‼️
Граѓаните од улица 5 во Трубарево повеќе нема да газат во кал.
Со ова се реализира уште едно ветување кое го дадов пред граѓаните.
Чекор по чекор, Гази Баба се гради и менува, пишува Стефковски во својата објава.