Бугарскиот портал 24часа информира дека според официјалните документи на бугарското министерство за внатрешни работи информациите на Данела Арсовска не фигурираат во нивниот систем. Поточно, тие велат дека името Даниела Арсовска со разликува една буква од Данела Арсовска и станува збор за различен човек.
Тие велат дека документот кој го извади Славјанка Петровска од СДСМ е целосно невалиден. Имено, како што вели бугарскиот медиум, документот кој го извадија од СДСМ доколку е изваден во мај 2017 би бил валидер и би фигурирал на официјалниот веб сајт на бугарското МВР до мај 2027. Тие пренесуваат дека доколку го вметнете името Данела Арсовска излегува „Документ N: [6469489279]“ односно документот НЕ ПОСТОИ.
Бугарскиот портал наведува дека Арсовска нема бугарски пасош и бугарска лична карта според официјални информации и вели дека нејзината адреса во Петрич за која обвини СДСМ е непостоечка.
Во продожение може да го видите документот од бугарското МВР каде јасно се гледа дека „Данела Арсовска“ е непостоечка во нивниот систем:
По оваа манипулација на СДСМ се гледа дека во паника и очај незнаејќи како да се соочат со Арсовска измислуваат работи и манипулираат со јавноста. Власта од СДСМ е во паника од големиот пораз во првиот изборен круг и затоа шири секакви невистини кои не поминуваат кај македонската јавноста.
По првиот круг Данела Арсовска има предност од 8000 гласа пред Петре Шилегов и на повидок е голема победа на Арсовска во вториот круг.