Прочитани – и се губат. Првата работа која што ќе ја соопштиме се точни и прецизни документи кои ни го потврдуваат сомнежот дека е вршен поткуп во Крива Паланка каде неформално главен на групата е Љупчо Николовски. Првиот доказ е разговор на активист на СДСМ Новица Груевски со веќе избраниот градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ Сашко Митовски.

Сашко – Нафаќат се пак за 200 евра.
Новица – Тие се од збор ако кажат ДА така ќе биде.
Сашко – Да! Сабајле се договараме.
Новица – З…. ѕверче си.
Сашко – Знаеш дека нема да оставам на случајност ништо.
Новица – Знам и ради тебе веруем дека ќе ги добиеме у Паланка, изјави на денешната вонредна прес конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

 

Понатаму објавуваме разговор меѓу командирот на полициска станица Крива Паланка со сега градоначалникот, каде се кодоши колега полицаец затоа што објавил знаме со сонцето од Кутлеш на ФБ. Поради тоа Командирот на полициската станица Крива Паланка ветува дека по изборите ќе го исечат како што вели, поточно ќе го избркаат од работа поради објавениот статус и споделениот принт скрин од страна на неговиот колега до градоначалникот.

Дејан Маринковски до Сашко градоначалникот – пушта принт скрин од ФБ на колега – па вели:
Полицаец од Баглак. Гледај го, беше кај мене сга е у север.
Сашко – Да, ја ви кажува за овај. Мора да го сечеме јако.
Дејан – Знам, ќе го отсечеме. Само јако.
Сашко – Сега имате јасна слика. После избори. Сечење.

Повторувам ова е комуникација од Сашко Митовски, сега градоначалник порано шеф на изборниот штаб на СДСМ во Крива Паланка, под директна управа на Љупчо Николовски, министерот за интегритет во Владата на Зоран Заев. Понатаму, втората работа, истакна тој.

Тој додаде дека следуваат уште франпантни информации.

– Ги следите прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ за вибер групата на полициските, односно партиските параполициски структури. Вечерва ќе ја посочиме следната информација – се злоупотребува дури и Единицата за специјални задачи. Задачата и обуката на овие лица се да се справуваат со урбан тероризам и да се справуваат со екстремни групи. Прашањето е што тие би барале низ градовите во Македонија, каква е нивната улога во Охрид, во Битола и во Кочани? Несвојствено за Единица за специјални задачи кои по правило се униформа и ангажирани само кога има тероризам или други форми на екстремно насилство. Групи на доверливи лица од Единицата за интервенции се пратени од вчеравечер во цивилна облека и необележани возила на МВР, по една група во Кочани и во Охрид, додека две групи се во Битола, со задача да помогнат на партиските параполициски структури во теророт и поткупот врз населението. Состојбата во Битола е иста како онаа во Прилеп, за што информираме преку оние вибер информации кои што се направени од оние групи со кодни имиња ХХХ и групата 007, за што секојдневно информираме. Овие структури во Битола се координирани од Васко Ковачевски. Според информациите доставени од свиркачи, таа група е предводена од тројца началници на СВР Битола, Славко Ј. Николче Ѓ. Вангел Б. Потоа во неа се и Горанче М. Ирена М. и уште десетина други полицајци, инспектори, полицајци од сообраќајната полиција, инспектори за кражби и други лица коишто се активисти и членови на СДСМ и партиската активност им е пред униформата, пред заштитата на законот. Во оваа битолска група предводена од Васко Ковачевски се и лица од битолското подземје познати како Шваба, Тарзан, Мики и други коишто користат луксузни возила со странски регистарски таблички за вршење на дејноста – заплашување, терор, подмитување со една цел задржување на локалната власт од страна на СДСМ, појасни Стоилковски.

Сепак граѓаните не се плашат, никој повеќе не им се плаши, така и овие информации и докази стигаат до тука, до нас, до ВМРО-ДПМНЕ, до опозицијата. Уште еднаш, повикуваме на што помасовна излезност за што побрзо да се стави крај на овој сериозно криминоген и недемократски режим! Нема полошо од СДСМ за Македонија, дециден е Стоилковски.