Во струмички затвор беше направена свадба на лице кое моментално издржува казна
Во струмички затвор денес беше склопен брак на лице кое моментално ја издржува затворската казна.
Овој настан, што го означија како значаен и хуман чин, се спроведе под покровителство на директорот Зоран Ристов и заменик-директорката Наташа Лазарова Донева, соопшти Управата за извршување на санкции.
„Со регистрацијата, лицето се стекна со правен идентитет, што претставува предуслов за користење здравствени, образовни и социјални права, и значаен чекор кон неговата ресоцијализација“, се наведува во официјалното соопштение.
Од Управата посочуваат дека вакви активности придонесуваат кон почитување на основните човекови права и обезбедување правна сигурност за сите затвореници.
Овој пример покажува дека и пенитенцијарниот систем може да биде простор каде се унапредуваат хуманоста, инклузивноста и правичноста.
Регистрацијата на бракот беше резултат на координирана соработка помеѓу затворот, стручните служби и надлежните институции.
Со вакви чекори, се наведува, затворскиот систем придонесува кон ресоцијализација. И враќање на поединецот во општеството со зачувано достоинство и правен статус.