Тешка сообраќајна несреќа утринава во 06.48 часот се случила на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во близина на село Манастирец.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „фиат пунто“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.К.(53) од Росоман и автомобил „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од И.Д.(23) од Росоман.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.К. и С.П.(21) од Росоман, сопатник во возилото „пежо“, додека со телесни повреди се здобил возачот И.Д., констатирани во болницата во Кавадарци, истакнуваат од МВР.

Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци информираат дека интервенирале со 8 пожарникари и две возила за техничка интервенција.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.