Во премин меѓу две згради на улицата „Илинден“ во Тетово некој отворил дуќан. Но, тој е полудивоградба, ако постои такво нешто.

Општина Тетово одобрението го издала на 31 октомври, но по жалбите од жителите дека им е зафатена патеката по која минуваат, општината на 12 декември го поништила решението. Но, дуќанџијата не го „демонтирал“ дуќанот.

Адвокатот Виктор Стојановски кој ги претставува жителите вели дека општината ја согледала направената грешка и го поништила решението кое издала пред неколку месеци.

За ТВ21, еден од сопствениците вели дека преминот е во негова сопственост од 2019 и дека не е премин туку приватен имот – деловен објект.

Вели дека исто така сега за сега му е отфрлено барањето за соединување на двата локали, меѓутоа вели дека поседува имотен лист.

Целиот текст прочитајте го ТВ21.