Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски при денешната негова посета во делчево беше пречекан со транспаренти „Три дена криевтеубиство на дете“, „Украдено оружје од полициска станица среде бел ден“…
Ваквиот револт на грааните доаѓа по многубројните скандали последните години кои што го тресат МВР, со кое токму раководи Спасовски и целосно изгубената доверба во истото, а кулминација на се беше убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, за кое како што пишуваат медиумите имало обид за заташкување.
Инаку, довербата во државните институции,откако СДСМ е на власт е падната на можно најниско ниво, а особено во правосудниот систем кои имаат едвај осум посто доверба кај граѓаните, а тоа е јасен знак дека Македонијаизминатите години не се движела во вистински правец, а тоа го потврдуваат и релевантни меѓународни институции кои не оквалификуваат како хибриден режим.