На прес конференцијата во МВР беа покажани и фотографии од уапсениот Љупчо Палевски-Палчо кои турската полиција ги доставила до МВР во Скопје.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски покажа две фотографии од Палевски кој стои во полициски објект во Турција, како и известување од турската полиција дека по меѓународна потерница издадена од Македонија е уапсен осомничениот за двете убиства.

Палевски е уапсен во Баликесир во Турција, а Спасовски наведе дека првично лажирал патување со такси во Истанбул, па се вратил во таа област каде денеска попладне е уапсен како оди пеш по автопат во Баликесир.