Според неофицијални информации до кои дојде порталот Струмица Денес, уапсено е лицето А.Н за кое се тврди дека бил телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев, поради основано сомнение дека намерно подметнал пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица.
Неофицијално дознаваме дека станува збор за Александар Николов кој своевремено бил телохранител на Зоран Заев и важел за еден од неговите најблиски соработници.
Извор: Струмица Денес
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе излезат со официјални информации и повеќе детали за случајот.
Паѓаат маските – Се потврдија сомнежите за организирано подметнување пожари
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со низа соопштенија посочува дека зачестените пожари ширум државата не се резултат на природни причини, туку на намерни дејствија од страна на поединци. Како еден од примерите се наведува видео-снимка од Делчево, на која се гледа лице како пали оган и веднаш го напушта местото. Според партијата, пронајдени се натопени дрва, палети со бензин, гуми и ракавици на повеќе локации, што, како што наведуваат, укажува на организирано подметнување.
За потсетување, во вечерните часови на 9 јули, во делчевската населба Први Реон, надзорна камера забележала лице како намерно подметнува пожар. Веднаш по палењето, лицето побегнало од местото на настанот. Снимката, која ја објави порталот „Делчево365“, јасно го прикажува моментот на палењето.
Пронајдени и палети со бензин: Обвинувања кон СДС и политички манипулации
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека приведени лица поврзани со случаите директно или индиректно се поврзуваат со СДС. Дополнителен сомнеж, велат од партијата, предизвикува реакцијата на СДС, која наводно „ликува“ и собира политички поени од ситуацијата со пожарите. Особено се истакнува подметнувањето пожари во Скопје, каде, според нив, планот за предизвикување хаос не успеал.
Денешното апсење и директна вмешаност на најблискиот соработник на Зоран Заев само ги дожажува тезите ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме, државата денес располага со повеќе опрема, подобро обучен кадар и зголемена мобилизација во споредба со минатото.