(ФОТО) Уништено зеленилото кај Ист Гејт

Скопје 16.10.2021. 21:00

Иако власта, како централната така и локалната, ветуваше зеленило и садење дрва, речиси секојдневно сме сведоци на спротивното – сечење на дрва.

Денес на ред беа дрвата кај Саем, односно во близина на новиот трговски центар Ист Гејт.

Среде бел ден, скопјани беа сведоци на уништување на цел дрворед.