Фамозното и долго најавувано гласање за уставни измени, за кои владејачкото мнозинство неколкупати повторуваше дека има мнозинство заврши како една голема фарса во која само само 32 етнички Македонци гласаа за уставни измени.

Имено, на денешната седница за уставни измени власта покажа дека нема 80 пратеници за промена на уставот. Од 119 пратеници кои го најавиле своето присуство, само 70 пратеници дадоа поддршка за дневниот ред на седницата на која единствена точка е Предлогот за пристапување кон измени на Уставот, а 47 пратеници гласаа против. Двајца не се изјаснија – Фадил Зендели од БЕСА и Илија Николовски, кој е член на ПОПГМ, партија од коалицијата на СДСМ. Отсутен од денешната седница беше единствен пратеник од владејачката СДСМ, кој не гласеше за заклучоците за „францускиот предлог“, Диме Велковски.

Од фотографиите во продолжение може да се забележи дека само 32 Македонци гласаа за промена на Уставот, а детално може да се види од самиот епилог на гласање.