Реката Вардар се излеа на дел од реонот на Општина Зелениково и зафатени се 15 до 20 метри од нивите. Ако се зголеми водостојот на реката постои опасност од поголемо излевање и можност од поплавување на дел од куќите, информираат од Центарот за управување со кризи, пренесува МКД.мк.
Во продолжение може да погледнете како изгледа тоа во Велес и во Зелениково.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нивото на реката Вардар во централното подраје на градот Велес е покачено за половина метар. На левата страна има излевање во близина на коритото, но нема поплавено објекти и нема загрозено објекти од ударниот бран, што веќе го намалува интензитетот.
Од ЦУК известуваат дека овие информации се споделени и со Дирекцијата за спасување за преземање мерки и активности во нивната надлежност.