Вчеравечер иако Макеоднија доживеа тежок пораз од Аргентина, сепак во очите на публиката остана и друг инцидент, а тоа е оној на трибината меѓу македонските навивачи.

Поранешниот директор на скопската Зоолошка градина поставен од Петре Шилегов, Ѓорѓе Галетановски- Чомбе и директорот на затворот Шутка Филип Андов, попознат како Сокол, можеа да се забележат за време на гужвата на трибините во Краков, каде македонски навивачи се степаа меѓу себе.

Срамната игра на македонските ракометари на терен во дуелот со Аргентина во 3. коло од групната фаза на СП 2023 во Краков, дополнето и со недоличното однесување на дел од „Фалангата“.

За фотографиите повеќе може да погледнете ТУКА, каде детално екипата на 24ракомет објави, а инцидентот може да го погледнете и во продолжение од друг агол:

На полувремето од натпреварот меѓу Македонија и Аргентина конфликт и меѓу дел од македонските навивачи на трибините. На фотографиите кои ги објави порталот 24 Ракомет, во гужвата каде се разменуваа тупаници, од страна можеше да се забележи поранешниот директор на скопската Зоолошка градина поставен од Петре Шилегов, Ѓорѓе Галетановски- Чомбе, а на социјалните мрежи на заедничка слика со Галетановски се гледа и директорот на затворот Шутка Филип Андов, попознат како Сокол. Андов е член на Централниот одбор на СДСМ во Кисела Вода.

Две групи се судрија на трибините, најпрво со вербална пресметка а потоа со обид и за физичка пресметка, за да на крај реагираат организаторите па на крај редарите замолуваа дел од навивачите кои се впуштија во конфликт да ја напуштат „Таурон арената“…