Вчера на Македонската радиотелевизија во емисијата за млади „Моја сторија“ се зборуваше за ЛГБТИ заедницата, каде гостуваа Ивана Костовска – социјален работник во Сигурна куќа и Скопски квир центар, Давид Тасевски – психолог, програмски директор на Субверзивен фронт, Лила Милиќ – активистка за правата на трансродовите лица и сексуалните работници и Кочо Андоновски – програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка.

МојаСторија – 🎥 EuropeHouse – ЛГБТИ ЗАЕДНИЦА

📣 #МојаСторија во живо од #EuropeHouse дебатира за #ЛГБТИ #ЗАЕДНИЦАТА.

✅ Зборуваме отворено за ЛГБТИ, за општество ослободено од дискриминација, во кое сите луѓе ќе ги уживаат универзалните човекови права и слободи без разлика на нивната сексуална ориентација, родов идентитет или која било друга карактеристика.

🗣 Гости ни се:
Ивана Костовска – социјален работник во Сигурна куќа/Safe House и Скопски квир центар
Давид Тасевски – психолог, програмски директор на Субверзивен фронт / Subversive Front
Лила Милиќ – активистка за правата на трансродовите лица и сексуалните работници
Кочо Андоновски – програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка LGBTI Support Center

#EUwithYOU #ЕУсоТЕБЕ #YouthCampaign #СилатаЕУмладите

Posted by Europe House Skopje on Tuesday, April 20, 2021

Во најавата за самата емисија, направена е и анкета помеѓу младите во Охрид, кои одговараат на прашања за љубовта помеѓу две лица од ист пол, а промо видеото кое постојано одеше на МТВ и се споделуваше на социјалните мрежи, завршува со изјавата на младо момче кое вели „Сакам да го сакам својот дечко во јавноста без некој да ме нападне. Предмалку тоа беше отстрането од страницата МРТ1 Промо на „Фејсбук“ откако собра многу негативни коментари од граѓаните.

Скриншотови и видеа од емисијата денеска ги преплавија социјалните мрежи. Јавноста е запрестена што вакви содржини се пласираат во ударен термин во емисија наменета за малолетни лица.

 

Едукативен блок на Македонска Радио Телевизија (МРТ)
На буквата на буквата Л(лезбејки)😡
На буквата на буквата Г(Геј)😡
На…

Posted by Izabela Moneva-Nikolovska on Tuesday, April 20, 2021