Хрватите во масовен бојкот поради високите цени
Денеска, граѓаните на Хрватска се вклучија во масовен бојкот на трговските синџири, бензинските пумпи и продавниците како знак на протест против постојаниот раст на цените. На социјалните мрежи веќе кружат фотографии и видеа на кои се гледаат празни паркинзи пред најголемите трговски центри и синџири, особено во Загреб и Сплит.
Бојкот против високите цени во Хрватска: Дали ќе вроди со плод?
Иницијатива која обедини многумина
Иницијативата започна од Фејсбук групата „Ало, инспекторе“, а набрзо доби поддршка од здруженијата за заштита на потрошувачите, синдикатите, политичките партии, па дури и од министерот за економија. Граѓаните беа повикани денеска да не купуваат ништо, како знак на незадоволство од економската состојба.
Во шродолжние може да погледнете фотографии и видео:
Погледнете и видео во живо од хрватскиот медиум Индекс.
Овој бојкот претставува гласен апел за итни промени и акција во врска со високите трошоци на живот во земјата.