Цела колона на службени владини возила вечерва пристигна во Велес. Ништо немаше да биде чудно и скандалозно доколку премиерот Димитар Ковачевски и владини министри доаѓаа во овој град да промовираат некоја капитална инвестиција или да започнат со некој голем проект.

Но, тие денес сите овие службени возила ги ставиле во партиска функција. Имено, тие отвораат нови партиски простории на СДСМ, во зградата на УЈП во Велес.

Ова е дрска злоупотреба за која Ковачевски и блиските до него треба да дадат објаснување пред граѓаните.

Службените Мерцедеси премиерот смее да ги користи само во ситуации кога е во функција на претседател на македонската Влада, а не да си го користи ваквиот луксуз за лични и партиски цели.

Реакции за ваквото однесување има и на социјалните мрежи.

„Таче со служебениот мерцедес и цела свита на службени возила пристигна во Велес за да отвори партиски штаб. Синдромот на ДУИ за злоупотреба на државни ресурси ги зафати и овие од СДС… рамо до рамо/ СДС до ДУИ“, пишува на овој Фејсбук профил.