Ковачевски и Бектеши се фотографирани пред полиците за леб во маркетот, на кои, од приложената фотографија може да се забележи дека има леб, но ретко или, пак, воопшто не може да се забележи бел или полубел леб. Премиерот на една од фотографиите посегнува по векна бел леб, но од приложеното, неговата цена не може да се утврди.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во друштво на министерот за економија Крешник Бектеши бил во еден од поголемите ланци маркети за, како што вели, лично да се увери дали во маркетите е испорачан бел и полубел леб.

Ковачевски и Бектеши се фотографирани пред полиците за леб во маркетот, на кои, од приложената фотографија евидентно е дека има леб, но ретко или, пак, воопшто не може да се забележи бел или полубел леб.

Наместо тоа, полиците се полни со специјалните видови на леб кои најверојатно во маркетот биле испорачани уште пред неколку дена. Нивните цени, како што се забележува на фотографијата, се движат во интервал од 52 денари па сè до 95 денари.

Премиерот на една од фотографиите посегнува по векна бел леб, но од приложеното, неговата цена не може да се утврди.

Заедно со Бектеши потоа одат до полиците со тестенини и ги разгледуваат производите и нивните цени.

Освен цената на лебот, министерот за економија во саботата најави дека ќе следуваат и нови одлуки за замрзнување на цените и дека се прават анализи за тестенините.

Ковачевски во објава на Фејсбук пишува дека го разбира револтот на граѓаните за потегот на производителите и на трговците кои одлучија да не испорачуваат леб во маркетите поради незадоволството кое кај нив го предизвика одлуката на Владата за ограничување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

„Со новата владина одлука за снабдување на лебот со замрзната цена, го штитиме стандардот на граѓаните. Ги обврзуваме трговците на мало кои продаваат леб во дневната набавка на сите видови леб да имаат најмалку 80 отсто од лебот по цена од 33 денари. Пекарите имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет белиот и полубелиот леб, во количина од најмалку 80 проценти од производството. Граѓаните мора да ги имаат основните производи!“, пишува Ковачевски на Фејсбук.