Бугарските медиуми објавија фотографии и се вклучија во живо од планинскиот предел на Сончев Брег, каде беше пронајдено телото на македонскиот државјанин.

Станува збор за 49-годишен маж, кој беше убиен со колец од страна на 14-годишно дете.

Убиецот е во притвор, а како што објави бугарското МВР, причините за смртта се истражуваат.

„Макфакс“ стапи во контакт со македонското Министерство за надворешни работи, од каде што рекоа дека информацијата за убиството ја добиле од македонската амбасада во Бугарија.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

„Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста. Воедно, Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби“, велат од МНР за „Макфакс“.