Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до седум часот утринава снежната покривка на Попова Шапка достигнала 26 сантиметри, а на планината се измерени -3 Целзиусови степени, што е најниската измерена температура во моментов во земјава

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до седум часот утринава снежната покривка на Шапка достигнала 26 сантиметри, а на планината се измерени -3 Целзиусови степени, што е најниската измерена температура во моментов во земјава.

Здружението за промоција на македонски ски центри, „Ски Македонија“ на својот јутјуб-канал објави снимка во живо од Попова Шапка на која може да се погледне состојбата на ски-центарот во изминатите 12 часа.

Според видеото, на Шапка речиси и да не престанал да паѓа снег во текот на ноќта.

„Оваа серија врнежи ќе трае барем до наредниот вторник, а врнежите ќе бидат во поделени во епизоди со различен интензитет“,

велат од „Ски Македонија“.

 

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најави снег на планините и на повисоките места како резултат на спуштањето на температурите.

Освен на Попова Шапка, каде што утринава се измерени -3 Целзиусови степени, ниски температури се измерени на повеќе места во земјава. Во Лазарополе се измерени -2 степени, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 3 во Охрид и Претор.