Пеколна атмосфера во Вараждин – Над 1500 македонски навивачи
Вчера македонските ракометари го одриграа првиот натпревар на ракометниот мундијал во Вараждин. Атмосферата во хрватскиот град беше пеколна, а имаше над 1500 навивачи со црвено-жолти знамиња и шалови.
Загревање во паб – македонска фан зона
Натпревар и заедничко бодрење во сала
Ракометарите на Македонија со реми против Унгарија на стартот на Светското првенство
Ракометарите на Македонија одиграа нерешено 27-27 против фаворитот Унгарија на отворањето на Светското првенство. Натпреварот се одигра во „Арена Вараждин“ и понуди огромна борба, а за жал и покрај одличната игра и предноста која македонските ракометари ја испуштија победата од раце.
Видео од натпреварот
Македонија може да се носи со фаворитите
Со овој резултат, Македонија покажа дека може рамноправно да се носи со фаворитите, оставајќи впечаток на борбеност и посветеност на теренот.
Следниот предизвик за Македонија е натпреварот против Холандија, кој ќе се одигра во петок во Вараждин.