Го кажаа судбоносното „Да“во Ватикан

Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор и неговата долгогодишна партнерка Ди Девлин го кажаа судбоносното „да“ на свечена церемонија во црквата Санто Стефано дели Абисини во Ватикан.

На објавените фотографии, 37-годишниот Мекгрегор носеше елегантен црн смокинг, додека 38-годишната Девлин блескаше во венчаница со долг и луксузен превез. По завршувањето на церемонијата, двојката ја напушти црквата во бел автомобил украсен со цвеќиња.

Љубовна приказна и семејство

Мекгрегор и Девлин се вериле во 2020 година, на роденденот на Ди, кога Конор ја објави нивната заедничка фотографија со натпис: „Каков роденден, идна сопруга моја“.

Нивната љубовна приказна започна во 2008 година во ноќен клуб во Даблин. Двојката има четири деца: синовите Конор Џуниор (8), Мака (2), ќерката Кроаи (6) и Ријана (4). ММА борецот нагласи дека работи напорно за да обезбеди стабилна иднина за семејството и за Девлин.

Сон за иднината

„Еден ден сакам Ди и јас да можеме да се релаксираме на плажа и да не се грижиме за ништо на светот. Затоа го правам ова“, изјави Мекгрегор.