Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска одржуваат протест во Скопје, барајќи зголемување на платите на работниците.

Учесниците на протестот порачаа дека растот на трошоците за живот го прави сè потешко преживувањето за голем дел од работниците, поради што побараа итни мерки за зголемување на минималната плата.
Протестот се одвиваше пред институциите, а дел од присутните на протестот беа забележани и со маички со обележја на СДСМ.
