Влажниот бран што ја зафати Македонија предизвика неволји во Охрид.
Дождот, повремените удари на силен ветер и високите бранови што се формираа во езерото, го поплавија кејот на нашиот туристички бисер.
Моќноста на брановите и на водата што прелеваше на кејот беше толкава што на неколку места предизвика растурање на поставените бекатон плочки на патеката од шеталиштето.
Невремето предизвика и “главоболки” за угостителите, со оглед на тоа што бројните туристи се засолнија од дождот, а ресторанските и терасите од кафулињата останаа празни.