До редакција на „Велес денес“ читатели испратија фотографии од сообраќајката која денес околу 16:30 часот се случлаи на автопатот Скопје – Велес каде што учествуваа две патнички возила.

„Сообраќајната несреќа се случила на делницата Петровец – Катланово, каде што во тек се градежни активности повеќе од 3 години и сообраќајот се одвива по една лента во двата правци.

Оваа делница изминативе години претставува опасна за возење бидејќи многу често се случуваат сообраќајни незгоди.

Од очевидци на настанот дознаваме дека нема повредени патници, а во текот на денот се очекува и повеќе информации од МВР“, пишува порталот.