Веб-порталот ,,Во центар” вечерва објави дека при претресот во домот на газдата на ДоказМ, Марјан Стаменковски биле пронајдени 100.000 евра, а за истото се објавени и фотографии.
Вечерва на барање на Основното Јавно Обвинителство во Скопје, од страна на припадници на МВР беше извршен повеќечасовен претрес во домот на Марјан Стаменковски кој во јавноста е познат како сопственик и уредник (како што пишуваат медиумите ) на порталот ДоказМ. Претресот трае(ше) повеќе часови и како што може неофицијално да се дознае целата постапка е покрената по пријави на граѓани до ОЈО од Скопје.
Како што неофицијално може да се дознае во станот на Стаменковски во скопската населба Влае биле пронајдени поголемо количество евра ( се шпекулира дека се работи за сума од околу сто илјади евра )!?
Инаку, целата постапка почнала по пријава на повеќе граѓани за објавени текстови со наводна ксенофобична и слична содржина, но тоа сепак треба да се докаже во истрагата и во судската постапка.
Во продолжение може да ги погледнете сликите од парите во домот на Стаменковски.