Амбасадата објави фотографии од оштетувањето на зградата на својот официјален профил на Твитер и го осуди нападот. Не беше кажано кој би можел да биде одговорен
„Директно одговорни за овие дела се оние кои поттикнуваат насилство и омраза кон нашата земја“, објави кубанското Министерство за надворешни работи на Твитер.
Портпаролот на полицијата нема коментар.
Куба ја тресат протести против длабоката економска криза, управувањето на владата со пандемијата на коронавирус и ограничувањата на граѓанските слободи, што ја наведе комунистичката земја да го ограничи пристапот до социјалните мрежи и платформите за пораки.
Министрите за надворешни работи на САД и 20 други земји, меѓу кои и .Македонија, во понеделникот ги осудија масовните апсења во Куба и повикаа на целосно обновување на пристапот до Интернет.