Независен истражувач од Јангон, кој го следи билансот на жртвите на протестите, рече дека војската денеска убила 93 демонстрант, додека сајтот „Мјанмар сега“ соопшти дека биле убиени 91 лице, пренесува Хина.
Според податоците на Здружението за права на политичките затвореници, во демонстрациите и рациите досега се убиени 328 лица.
Делегацијата на Европската унија во Мјанмар се огласи на Твитер, велејќи дека годинешниот Ден на вооружените сили ќе остане запаметен како ден на „терор и срам“.
– Убиството на невооружени цивили, вклучително и деца, е дело што не може да се брани, се вели во изјавата.
Противниците на воениот удар излегоа на улиците во Јангон, Мандалај и другите градови, игнорирајќи го предупредувањето дека може да бидат „погодени во главата и грбот“, на денот кога армијата го слави Денот на вооружените сили.
– Денес е ден на срамот за вооружените сили, изјави портпаролот на групата против воената хунта.
Командантот на армијата во Мјанмар, генерал Мин Аунг Хлаинг, денеска ја предводеше воената парада во главниот град Непјидо, одржана по повод Денот на вооружените сили.
Тој не зборуваше за протестите против воената влада, но се осврна на „тероризмот што може да биде штетен за мирот и социјалната безбедност на државата“.
Тој вети дека ќе распише избори, но не кажа кога.