Првиот човек на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ, Ивица Томовски објави фотографии преку социјалните мрежи дека започна да се поставува владината ограда. Ваквиот чекор е согласно одобрение добиено од Владата.

Денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно одстранетата ограда на Владата, пишуав Томовски.

Во својата објава тој додава дека оградата била неадекватно чувана. Наместо стара железна ограда од МВР сега ќе ја има оградата чија примарна функција е да стои токму таму.

Ќе се враќа оградата околу Влада – најави директорот на СОЗР, еве во каква состојба ја оставиле од СДСМ

Тој напомена дека и покрај тоа што се враќа оградата сепак вратите на владата остануваат отворени за граѓаните на Македонија.

Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална. Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција, заклучува Томовски.