За прв пат Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) е под 200.000 гласови на одржани избори од независноста од Македонија.

Во историјата на партијата се запишува како најголем успех резултатот од изборите во 2004 година, кога Бранко Црвенковски освои 385 илјади гласови.

Според Државната изборна комисија (ДИК) од обработени 99% од резултатите, кандидатот Стево Пендаровски поддржан од СДСМ вчера освоил 180 илјади и 306 гласови.

ТВ21 изработи и графикон.

Вториот круг од претседателските избори, како и парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај. Во вториот круг од претседателските избори одат Пендаровски и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова, која освои 362.682 гласови од 99,03% обработени податоци.