Утрово нашиот медиум ја пренесе информацијата дека уапсено е лицето А.Н за кое се тврди дека бил телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев. Причината е основано сомнение дека намерно подметнал пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица.

Неофицијално дознавме дека станува збор за Александар Николов кој своевремено бил телохранител на Зоран Заев и важел за еден од неговите најблиски соработници.

МВР потврди дека синоќа е лицето А.Н. е лишен од слобода. Се огласи и Заев за „Фокус“.

„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот (т.е. мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а после тоа беше Кире Ангелов.

Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов“, истакна Заев во изјава за „Фокус“.

Сепак, експремиерот Заев повторно е фатен во лага. Вели не го познавал подметнувачот на пожари, но сепак со него носел прислушкувани разговори во СЈО. Фотографиите говорат различно од Заев. Погледнете во продолжение: