Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска упатил СМС порака до членовите на партијата во која ги повикува на засилен ангажман во пресрет на вториот круг од локалните избори.

„Другар/ки, СДСМ е во акција! Разговарајте со граѓаните и уважете сечиј став. Барам секој од вас да повика на обединување за да продолжиме напред. Ваш, З Заев“, се вели во СМС- пораката.

Заев вчера на прес-конференција во партиското седиште повика на обединување и им се заблагодари и на партнерите во владината коалиција кои во текот на целиот ден јасно порачаа дека остануваат во власта.

Во овие моменти, рече тој, многу значи нивната јасно искажана определба да бидат обединeти. Тој исто така кажа дека граѓаните упатиле јасна критика, опомена, казна