Лицето кое упатуваше јавни закани преку социјални мрежи кон семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, добило благодарница од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Пендаровски во 2019 година му доделил благодарница за успешна соработка и поддршка на заканувачот, Роберт Тодоровски, кој е инаку претседател на РХО Здружени срца од Прилеп.

Имено, на социјалната мрежа Фејсбук се упатуваат јавни закани кон семејството на Мицкоски каде се наведува дека доколку му е мило семејството да си остане мирен.

„Во спротивно ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучиња“, се наведува во постот.

Постот е споделен од два различни профили и е јавно видлив за сите.

Доколку детално се прочешла Фејсбук профилот на заканувачот ќе се види дека тој е голем поддржувач на премиерот Димитар Ковачевски како и на власта.

Постојано ги споделува неговите постови на Фејсбук, а во меѓувреме упатува закани по животот на децата на лидерот на најголемата партија во земјава.

Дали по ова ќе следува соодветна пријава од страна на Министерството за внатрешни работи?