Поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски утрово непрописно го паркираше својот автомобил по марка „Мерцедес Бенз“ во строгиот центар на Скопје. По ургенција непосредно по дигањето на автомобилот тој беше спуштен, а за тоа граѓаните реагираа на социјалните мрежи. Најгласни беа на Твитер каде имаше многу коментар и прашања „Дали законот е ист за сите“.
За ова граѓаните бурно регираа на социјалните мрежи. Да се потсетиме, Владата на СДСМ пред да дојде на власт најавуваше „Живот за сите“ и крај на селективноста при казнувањето. И самите може да зебележиме дали тоа се спроведува во пракса.