Актививистите од Зелен хуман град денеска насадиле ново дрво, со што повторно е покриен билбордот на актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за уште еден мандат за таа општина, Филип Темелковски.
– Исекоа дрво за да им се гледа билбордот. Ние засадивме дрво и им го покривме билбордот, напишале активистите на фејсбук профилот на Марјан Калевски.
Како што веќе објавија медиумите, на социјалната мрежа Твитер се прошири видео на кое во скопската општина Кисела Вода се сече дрво за да се гледа билбордот со рекламна порака на еден од кандидатите за градоначалник на претстојните локални избори.
Кога минувачот прашува која е причината за сечење на дрвото, еден од работниците кои сечеа му одговара „За да се гледа билбордот“.
Погледнете го и видеото од сечењето на ова дрво: