Земјотрес пред неколку минути се случи во соседна Албанија. Почувствуван е и во Македонија и во Црна Гора.
Според првичните информации, епицентарот е на граница меѓу Македонија и Албанија.
Првичните информации беа дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени по Рихтер.
Но, потоа дојде до промена и измерено е дека земјотресот имал јачина од 5.2 степени по Рихтер.