Документите кои се појавија на социјалните мрежи и на кои се гледа набавката од страна на Златко Марин и раководството од СДСМ за бекатон плочки, укажува дека истите се платени над 10 пати повеќе од нивната цена на пазарот.
Имено, станува збор за димензии 10/20/6 цм, а цената која се плаќа за метар квадратен изнесува 4.100 денари.
Доколку се земе било која цена на пазарот за иста или пак слична набавка, за метар квадратен од овие бекатон плочки ќе платите помалку од 400 денари.