Пожарот на депонијата кај Алинци конечно е ставен под контрола. Благодарение на силната подршка со расположливата механизација и човечки ресурси на компанијата Бехтел и Енка, Јавното претпријатие Комуналец, заедно со Територијалната противпожарна единица Прилеп успешно се справуваат на гаснење на пожарот на општинската депонија кој започна да гори од 26 јануари.

На барање на Министерството за трамспорт, тимовите на Бехтел и Енка кои работат за земјени работи на изградба на автопатот Прилеп – Битола, ги мобилизираа своите натоварачи, багери, дозери и оператори за работа и го доставуваат ископаниот почвен материјал од трасата како поддршка на тековните мерки за гаснење на пожарот.

Tимот на Бехтел и Енка активно работи на справување со пожарот на депонијата кај Алинци

Во оваа колективна акција, тимот на Бехтел и Енка активно работи на справување со пожарот и како резултат на оваа коорднирана акција тимовите успееа да го намалат жариштето и пожарот да се стави под контрола.

Бехтел и Енка останува силно посветена на здравјето и безбедноста на заедниците, норми кои се вградени во вредностите на компанијата. Целите за грижа на заедниците и колективната свест на локациите каде што работат го докажуваат токму преку вакви акции како оваа за поддршка на превенцијата и сузбивање на пожари.

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Бехтел и Енка со силна подршка за гаснење на пожарот на депонијата кај Алинци (ФОТОГАЛЕРИЈА) Бехтел и Енка со силна подршка за гаснење на пожарот на депонијата кај Алинци (ФОТОГАЛЕРИЈА) Бехтел и Енка со силна подршка за гаснење на пожарот на депонијата кај Алинци