Мицкоски го отвори новиот затворен базен во Кисела Вода
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го пушти во употреба новиот затворен базен во рамки на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода. На свеченоста истакна дека Владата останува посветена на проекти кои директно го унапредуваат квалитетот на живот на граѓаните, особено младите.
Базен достапен за сите основци од Кисела Вода
– Сакам да им посакам на дечињата да го користат базенот долго време – не само учениците од ова училиште, туку и сите основци од Општина Кисела Вода – изјави премиерот. Тој подвлече дека независно кој ги започнал проектите, важно е тие да се довршат и стават во функција, бидејќи претставуваат инвестиција на граѓаните.
Целото обраќање на премиерот може да го погледнете во продолжение:
(ВО ЖИВО) Премиерот Мицкоски присутвува на пуштање во употреба на затворен базен во Кисела Вода
Најавени уште четири слични објекти до крајот на летото
Мицкоски најави дека до крајот на летото ќе бидат пуштени во употреба уште четири објекти, изградени од истата компанија. – Ќе продолжиме да бидеме Влада насочена кон реализација на проекти, реформи и иднината. Наш фокус се резултатите, а не празните ветувања – нагласи премиерот.