При посетата, Ѓорѓиевски изврши увид во доградбата на училиштето, проект кој обезбедува работа во една смена и создава подобри услови за наставата. Градоначалникот истакна дека во изминатите години биле реализирани бројни проекти за модернизација на образовната инфраструктура, меѓу кои: компјутери за наставниците, униформи за учениците, смарт-уреди и пречистувачи на воздух во секоја училница, нови спортски терени и сали, како и фотоволтаици кои овозможуваат производство на електрична енергија во училиштата.

„Овие проекти се доказ дека вложувањето во најмладите е вложување во иднината. Драги ученици, вратата кон знаењето е денес отворена пред вас. Учете, сонувајте и бидете храбри, ние ќе бидеме тука да ви обезбедиме образование какво што заслужувате“, истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот изрази благодарност до премиерот Мицкоски и Министерството за образование за поддршката и визијата за капиталните инвестиции во образованието.