Со транспаренти „Ултиматиум, не благодарам“ и „Сепак, ние ќе победиме“, учесниците на протестот и денес излегоа на улица.
Се пееја македонски песни, се вееја македонски знамиња, народот покажа дека е на нозе против францускиот предлог. Тргнаа од Владата, а пред да дојдат пред Собранието, граѓаните поминаа покрај Министерството за правда каде скандираа „оставка“.
Беше забележано и големо полициско присуство, но протестите беа мирни и достоинствени.
Вечерва осми ден под мотото „Ултиматум, не благодарам“ продолжија протестите против францускиот предлог.
Фотогалеријата од денешните протести погледнете ја во продолжение: