Ѓорче Петров оддаде почит од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила
Општина Ѓорче Петров денеска одбележа 24 години од херојската жртва на деветтемина бранители кои во 2001 година ги положија своите животи кај Љуботенски Бачила, бранејќи ја слободата и независноста на Македонија. Во присуство на семејствата на загинатите, претставници на државни институции, локалната самоуправа, безбедносните структури и граѓани, беше положено свежо цвеќе на спомен-обележјата во Ѓорче Петров, реонскиот парк и Волково.
Сеќавање на деветтемина бранители
Општината ја продолжи традицијата на чествување на Томе Димоски, Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски. Овие бранители со својата жртва ја одбранија државата и нејзиното достоинство. Ѓорче Петров и Македонија вечно ќе ги паметат.
Пораката од градоначалникот Стојкоски
На централниот настан се обрати градоначалникот Александар Стојкоски, кој истакна дека споменот на овие херои не смее да избледи и нивната жртва мора да остане трајно врежана во националната свест.
Погледнете ја фотогалеријата.
Сите детали за веста може да ги прочитате во продолжение:
Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила
Традицијата годинава имаше голема масовност. Меѓу многуте посетители имаше и многу млади луѓе, меѓу кои и претставници на навивачката група Комити од Волково.